Деловник

Д.бр.02-26/2

19.04.201

Деловник

За работа на редовното годишно Собрание на ПСК Бистра при МВР-Скопје

 

Член 1

Собранието е највисоко тело на клубот и него го сочинуваат сите членови на клубот

Член 2

Седницата на редовното годишно Собрание се свикува по барање на една третина од членовите на клубот

Член 3

Одлука за свикување на седницата на Собранието и предлог на дневниот ред се објавува најмалку 5 дена пред одржување на седницата на Собранието.

Член 4

Собранието може да работи и полноважно да одлучува ако на истото присуствуваат повеќе од половина од вкупниот број на членови кои ја платиле чланарината на клубот за тековната година.

Ако во закажаното време на почеток на седницата на Собранието не присуствуваат потребен број на членови на клубот, седницата се одлага за еден час.

По истекот на даденото време од еден час, седницата на Собранието се одржува независно од бројот на присутни членови на клубот

Член 5

Собранието може да ја започне својата работа со констатирање на кворумот и со утврдување на дневниот ред на Собранието. По усвојување на дневниот ред се избира работно Претседателство од 3(три) члена, комисија за верификација од 2(два) члена, комисија за спроведување на избори, записничар и два заверувачи на записникот

Член 6

На седницата на Собранието се расправа само по прашање за кое е свикано Собранието.

Собранието одлуките ги донесува со мнозинство гласови од присутните членови.

Секој член на Собранието има право само на еден глас.

Член 7

На седницата на Собранието пристап имаат и други поканети граѓани, со право на дискусија ако им биде одобрено, но без право на глас и одлучување

Секој член на клубот има право на дискусија по дневниот ред.

Член 8

Заради ажурност во работењето и овозможување на поголем број дискутанти, дискусијата на секој дискутант се ограничува на 5 минути, со право на една реплика од една минута.

Член 9

Членовите и граѓаните присутни на Собранието се должни да се придружуваат на одредбите на овој деловник, во спротивно се овластува работното Претседателство да на истите кои не се придружуваат им изрече опомена и отстранување од седницата.

Член 10

            Овој деловник стапува на сила ако истиот е прифатен со мнозинство гласови на присутните членови на редовното годишно Собрание на ПСК Бистра при МВР-Скопје.

 

 

 

Скопје 19..04.2018                                            ПСК Бистра  при  МВР - Скопје