Триглав Словенија 24-28.08.2018

Триглав-Словенија Јулиски алпи 24-28.08.2018 год.

Ова е акција која претставува ,,шлаг на торта,,за сите оние кои се искачуваат по разни врвови преку 2000 мнв.

Триглав претставува една од најатрактивните дестинации за високогорство. Но и ова е прилика да и за нас планинарите кои не сме високогорци, да во нашите планинарски книшки го имаме печатот на највисокиот врв во Словенија - Триглав 2864 мнв.

За оваа многу тешка планинарска акција да секој учесник мора да има неопходна психофизичка способност, да биде доста дисциплиниран, одговорен и да соработува.

На. 24.06.2018 год. Поагање од Скопје, пристигнување во Аљажев дом во раните утрински часови на 25.08.2018. Подготовка и поагање за Погачников дом каде се оставаат ранците и се искачува врвот Разор кој е на 2601 mnv., ноќевање.Во раните утрински часови на 26.08 поагање за Планинарскиот дом Кредарица, ноќевање. На 27.08.2018 год станување и подготовка за искачување на врвот Триглав., враќање во домот , одмор и поагање кон Аљажев дом каде и ќе преноќиме. на 28.08.2018 подготвка за враќање во Скопје со попатни посети.