Извештаи за реализирани акции

Бакардан 06.02.2016

ИЗВЕШТАЈ ОД БАКАРДАН - 06.02.2016

Време на пристигнување и поаѓање од ски центарот Попова Шапка: 07:40.

Патека прва етапа: Од ски центарот, надолу до теренот на некогашната

скокалница, од таму стрмно нагоре кон левата страна на карпата од двоседната

жичарница што води на Церипашина. Прв одмор кај столбовите од стариот ски

лифт кој е вон употреба. Тука поради несоодветна опрема- немање дерези се

откажаа учесниците Соња, Гоце и Пепи, кои полека се вратија назад кон

стартната позиција.

Останатите членови на групата продолжија стрмно нагоре до бивакот/колибата

на крајот од жичницата, каде што уследи првиот одмор. По 15 мин. целата

група при доста силен ветар продолжи со искачување до врвот на Церипашина

каде групата пристигна околу 09:45. Тука уследи групно фотографирање по

што од натамошното искачување се откажаа Сара и Валентин. Нешто поради

силниот ветер кој наместо да се намали стануваше се посилен, нешто поради

проблеми со опремата, истите не беа мотивирани да продолжат. Четворката

Анела, Влатко, Буран Мано продолжи со искачување по сртот на Карабунар, на

чиј врв се пристигна околу 11:30. По кратка пауза и фотографирање при многу

силен ветар и отежнати услови за искачување подади местимично пропаѓање

во подлабок снег, се продолжи со искачување кон денешната крајна

дестинација - врвот Бакардан, каде пристигнавме околу 12:20. Наоколу се

пружаше величенствен поглед на бескрајното море од оснежените далечни и

поблиски врвови на шарпланинскиот масив, како Титов Врв, Мал Турчин и

други. По пауза од 15-тина минути и фотографирање таму започнавме со

враќањето. Иако првобитно беше договорено враќање по истиот пат, по

изминати околу 200 метри при ненормално засилен и леден ветар на предлог на

Влатко се одлучивме да смениме маршрута на враќање и да се спуштиме

десно по источната страна на Бакардан, како би се затскриле од силниот

ветар. Враќањето уследи делумно по таканаречената летна маршрута т.е

преку Орлови стени до патот кој од ски центарот води кон хидросистемот

Шарски води и Вруток. По извесно време поради местимично завеаниот пат

скршнавме уште еднаш десно надолу и низ убави и стмни предели каде без

дерези беше незамисливо да се поминува, стигнавме до станицата со малите

ски лифтови, од каде што нешто подоцна преку патеката која водеше до

црквата наскоро се вративме  до ски центарот, каде што веке не очекуваа

останатите членови од групата. Кај комбето пристигнавме некаде пред

стемнување т.е околу 16:30 часот.

 

Уцесници: Сара, Анела, Сонја, Пепи, Влатко, Буран, Валентин, Гоце, Мано

Водич на пат: Влатко

Искачувањето траеше околу 05:30 часа.

Враќањето траеше околу 3:30 часа.

 

Автор на текстот: Владимир Лазаров и Мано Ставрески










Реализирани акции