Извештаи за реализирани акции

Руен 14.02.2016

ИЗВЕШТАЈ ОД РУЕН - 14.02.2016

Возач на комбе: Пепи 

Возач на лека кола: Соња

Учесници на турата: Славко, Влатко, Лазо, Гоце, Љубе, Сара, Анела, Соња,

Пепи, Аце, Горан, Марјан, Мано

Водач на пат Славко Стефанов, Владимир Лазаров

Време и место на поаѓање од Скопје: 06:00 часот

Пристигнување на граничен премин Крива Паланка: 08:30 часот

Пристигнување кај управниот комплекс на рудник Тораница:09:00 часот

Време на поаѓање кон Руен: 09:15 часот

Временски прилики при поаѓање/напуштање на возилата: ведро и тивко, но подмрзнат асфалтот, така да се одеше пешки низ шумата по асфалтниот пат па се до црниот пат кај еден од пунктовите/работилницата на Тораница (оддел Машинско). Од овде, по кратко искачување од некои 250/300 метри водењето на групата го презеде Владимир Лазаров.

Време на пристигнување на врвот: 13:00 часот

Временски прилики за време на турата: до средина на турата ведро но доста ветровито. Кон оснежениот врв и на самиот врв облачно со силен јужен ветар. На 30 мин. под врвот од натамошното искачување поради физичка неподготвеност се откажа Соња, а Гоце остана да и прави друштво, по што полека по истиот пат се вратиле назад до возилата. Пауза во бугарскиот бивак 20 мин.

Време на поаѓање за враќање: 13:20 часот.

Враќање не по истиот пат туку по сртовите на Руен, кратко под караулата на вториот по височина врв десно па стрмно надолу према окната на рудникот Тораница, потоа по црниот пат со кратки паузи се до пунктот над шумата од каде започна стрмното искачување кон врвот. Во меѓувреме асфалтниот пат се одмрзна и Соња со Гоце со нејзиното возило дојдоа горе и ги земаа со себе надолу Сара и Пепи. Останатите тргнаа пеш назад низ шумата. По извесно време Пепи со комбето возеше нагоре и го собра остатокот од групата.

Време на пристигнување кај возилата 16:00 часот.

Време на пристигнување во Скопје околу 18:00 часот.

 

Текст и фотографии: Мано и Марјан












Реализирани акции