Извештаи за реализирани акции

Пелистер и Кајмакчалан 26-27.02.2016

ИЗВЕШТАЈ ОД ПЕЛИСТЕР-КАЈМАКЧАЛАН - 27-28.02.016

Учесници: Сара, Буран, Пепи, Виктор, Лазо, Исо, Љубе, Гоце, Аце, Мано, Валентино

Ден 1 - Пелистер:

Време на поаѓанје: 05.15, напуштање на Скопје во 05.45 часот. Време на пристигнување кај појдовна точка за патека Широка: 09.00 часот. Претходно во 08.30 на местото каде од асфалтниот пат десно се двои шумскиот пат преку Широка, ни се приклучи Виктор кој во приватна режија допатувал претходниот ден. Време на поаѓанје кон врвот: 09.15 часот. Временски прилики: ведро, по пат до пошумениот дел повремено слаб ветар. На отворено ведро со умерен до средно силен ветер. Снег стар и нов длабок до 15-тина см., претежно на голите терени, добар за газење. Време на пристигнување на врвот: 13.00 часот. Време на одмор и јадење во делот на домот предвиден за планинари: 45 мин. Време на поаѓање назад: 13.45 часот. Време на пристигнување кај комбето околу 16.30. Ноќевање: во прифатилиште наречено “Хангар“ кај Миле.

Ден 2 - Кајмакчалан:

Учесници сите гореспоменати освен Валентин. Временски прилики: облачно но суво време. Време на поаѓање: 06.15 часот. Време на преоѓање граничен премин Меџитлија: 07.30, на грчка страна се задрзавме околу 20 миути. за пријавуванје и регистрација на групата. Време на пристигнување кај скијачкиот центар од грчка страна: 09.30 часот. Време на поаѓање према врвот: 10.00 часот. Према врвот појдовме сите учесници, по 15-тина минути поради неповолните временски прилики од искачувањето се откажаа Исои Пепи, кои се вратија назад кај комбето. Временски прилики при искачување: облачно, со слаба видливост, во погорните зони повремено магла со среден интензитет. Мек влажен снег само на скијачките патеки. По пат додека се искачувавме сретнувавме голем број грчки планинари на враќање, членови на планинарски клуб од Солун. Патека на искачување: десно од скијачкиот центар, по нерамен колски пат, по кој се движат теренски возила до врвот, повремено тампониран со ратрак. По пат засилен, а на врвот многу силен ветар. Видливост слаба, само на врвот на момент се отвори небото и овозможи појасен поглед на македонска страна. Време на пристигнување на врвот кај спомен-црквата: 11.40 часот.  Да напоменеме дека членови од нашиот клуб одамна се немаат искачено на Кајмакчалан ниту од Македонска, ниту од Грчка страна. Организирањето на тури од ваков карактер се еднакви на прави зимски експедиции. Време на поаѓање назад: 12.00 часот. Време на пристигнување во возилото: 12.45 часот. Време на поаѓање према Скопје: 13.00 часот. Време на пристигување на влезот во Скопје: 17.15 часот.

 

Текст и фотографии: Мано Ставрески






Реализирани акции