Извештаи за реализирани акции

36-ти Пролетен маратон

ИЗВЕШТАЈ ОД 36-ТИ ПРОЛЕТЕН МАРАТОН БОГОМИЛА - ВОДНО - 22-24.04.2016

Како и секоја година, така и оваа, според програмата за активности се одржа 36-тиот пролетен маратон на релација Богомила - Водно во должина од 100 км. Маратонот беше реализиран за викенд 22-24.04.2016 година. Зборно место беше планинарскиот дом Чеплес. Вкупно 46 учесници од многу клубови од Македонија зедоа уество на овогодинешниот маратон. Водачон на маратонот Буран Сали ги предводеше маратонците преку Солунска Глава до домот Караџица, нормално со попатни паузи за одмор, фотографирање и оброк. Се ноќеваше и во домот Караџица. Во неделата рано утрото групата се упати према Водно, преку Марков манастир. Попатно, ПСК Бистра обезбеди освежување со топол чај и закрепнување на силите на маратонците од големиот умор. Преку лозјата нагоре се пристигна на Водно каде маратонците беа пречекани со локум и планинарско гравче. Следуваше церемонија за доделување на благодарници за сите учесници и со желба за скоро и помасовно видување си посакавме довидување.

Маратонот помина во одлична организација и без никакви проблеми. Истиот го поддржаа сите клубови од државата, како и сите членови од нашиот клуб.

Фотографии од маратонот погледнете тука........

 

Текст: Буран Сали и Коле Мајнов

Фотографии: Мано Ставрески




Реализирани акции