Извештаи за реализирани акции

Селечка планина 15.05.2016

ИЗВЕШТАЈ ОД СЕЛЕЧКА ПЛАНИНА, ПО ТРАСАТА НА ГАСОВОДОТ - 15.05.2016

Традиционална републичка акција во организација на ПСД Макпетрол Скопје. Оваа година акцијата се реализираше во Прилепскиот крај – на Селечка планина. Нашиот клуб реши да се приклучи на оваа масовна акција.

Околу 9 часот пристигнавме во с. Селце (на околу 4км од Прилеп од левата страна на магистралниот пат). Во 9.30 часот старт на групата од манастирот Св. Димитрија мироточив (900мнв) кон врвот Ќуле (1542мнв). Патеката беше со должина од околу 4км во еден правец и висинска разлика од 650м.

Пешачењето нагоре траеше 2 – 2.5часа. Патеката е одбележена со маркација и движењето по неа е погодно за планинари од сите возрасти. Околу 12 часот пристигнавме на врвот Ќуле. Попатно ја посетивме и карпата “Мома“. Краток одмор за сликање и потоа враќање во манастирот каде организаторот обезбеди планинарско гравче. После ручекот заедничко дружење со песни и ора.

 

Повеќе фотографии погледнете тука...


Реализирани акции