Извештаи за реализирани акции

Титов Врв 29.05.2016

ИЗВЕШТАЈ ЗА ТИТОВ ВРВ, ТРАДИЦИОНАЛНО 29.05.2016

Како и секоја година така и оваа, во организација на ПД Љуботен од Тетово се организираше традиционалното искачување на Титов Врв. Нашиот клуб учествуваше со над 20 планинари. Патувавме со изнајмен минибус и по стандардната патека се качувавме до врвот. Вкупно имаше околу 1600 планинари од сите краишта на Балканот. Организацијата на настанот беше на одлично ниво, имаше пунктови за вода, прва помош, делење на беџови. На седлото под врвот имаше кеси со песок за да можат учесниците да помогнат во транспортот до врвот. За пофалба се градежните зафати и подготовките за реновирање на кулата на врвот. Пешачењето се одвиваше по мирно време а радува и фактот дека на планина сретнуваме се повеќе и повеќе млади луѓе. Горе на врвот беше права врвулица од луѓе. После задолжителното сликање и пауза за оброк, малку се подруживме со планинарите од другите градови и тргнавме за назад. На враќање на Попова Шапка организаторот не послужи со топол чај.

 

Текст и фотографии: Горан Срезо и Гоце Церски

Повеќе фотографии може да погледнете тука.....



Реализирани акции