Извештаи за реализирани акции

Заедничка средба 03-05.06.2016

ИЗВЕШТАЈ ОД ЗАЕДНИЧКАТА СРЕДБА ВО ЦРНА ГОРА - 03-05.06.2016

Како и секоја година, така и оваа, традиционално пред летните одмори се одржува заедничката средба помеѓу трите збратимени друштва ПСК “Бистра“ од Македонија, ПД “Јосип Панчич“ од Србија и ПД “Комови“ од Црна Гора. Оваа година домаќин на средбата беа Црногорците. Место на одржување на акцијата беше планина Ориен во близина на приморјето.

На пат тргнавме со изнајмено комбе за 20 патници. Ноќна вожња преку Косово и Албанија до Херцег Нови. Во петокот рано наутро се пристигна при што следеше разглед на населбата и плажа со капење во море. Попладнето се упативме према планинарскиот дом “За Вратло“ кој беше назначен како зборно место. Комбето го паркиравме на патот кај стариот хотел Боричи. За неполн час и половина се искачивме во домот, кој е изграден по сите европски стандарди и кој е во инзвонредна состојба. Едино проблем е питката вода. Во саботата наутро се реализираше планираната планинарска рута до врвот Субра 1679 мнв. Патеката беше одбележана многу добро. Пределот е каменест и без вегетација. Попатно забележавме неколку јами и пропасти. На врвот следеа заеднички фотографии со знамињата. Времето иако не беше најдобро, со малку дожд на враќање добро не послужи во планината. Потоа следеше заеднички ручек и вечера со дружење до доцните вечерни часови. Оброците беа обезбедени во вид на ланч пакети. На забавата имаше пиење во неограничени количини, особено пиво. На поздравниот говор претседателите на збратимените друштва си разменија пригодни подароци. Се договорија и за наредната година средбата да биде во Србија. Во неделата се поздравивме со домаќините, се заблагодаривме за инзвонредниот пречек и пат под нозе повторно во Херцег Нови на плажа. Попладнето тргнавме за Скопје.

Акцијата ја оценуваме како успешна во целост.

Текст и фотографии: Љубинка Диневска и Гоце Церски

Повеќе фотографии можете да погледнете тука........


Реализирани акции