Извештаи за реализирани акции

Корабски водопад 19.06.2016

ИЗВЕШТАЈ ОД КОРАБСКИ ВОДОПАД - 19.06.2016

На акција тргнавме со клубското комбе. Со мали попатни паузи пристигнавме во Рибница каде што вообичаено го паркираме комбето. Се упативме нагоре по феноменално маркираната патека према Бибај и Рибничка скала. Разбравме дека на истата тура во истиот ден има организирана голема група која ја престигнавме по патот. Имаше планинари од Гостивар, Скопје, Прилеп, Битола а имаше и четворица странци со куче кои кампувале долу покрај реката. Времето не ни беше наклонето и започна да врне. Двајца членови поради лошото време се вратија назад а другите упорно му пркосеја на дождот и дојдоа до местото Врата карши водопадот од каде се отвора најубавиот поглед на Пројфелскиот водопад кој е од непостојан карактер и има висина од 137 метри. Прекрасна воодушевувачка глетка према Мал кораб и Мала Корабска врата. Штета што снеговите одамна беа стопени и водостоите на реките ниски. За враќање бевме уште побрзи така што за околу 7 часови веќе бевме назад кај комбето, накиснати од дождот но полни со импресии и позитивна енергија. На враќање во комбето владееше потполна тишина бидејќи сите заспаа од премора.

На Кораб му кажавме довидување и му закажавме следна средба за традиционалното искачување по повод независноста на Република Македонија.

Текст и фотографии: Гоце Церски

Повеќе фотографии може да погледнете тука.........


Реализирани акции