Извештаи за реализирани акции

Галичица и Јабланица 02-03.07.2016

ИЗВЕШТАЈ ОД ГАЛИЧИЦА И ЈАБЛАНИЦА - 02-03.07.2016

Согласно годишниот календар на акции, првиот викенд во јули беше предвиден за акции на планинините Галичица и Јабланица. За оваа акција беа пријавени 6 учесници, Сара, Пепи, Мано, Божо, Соња и Љубе.

Во 5:30 часот со клубското комбе тргнавме кон Охрид. Во 9:30 часот пристигнавме до до почетната точка на нашето искачување, каде што ги паркиравме комбето. Поради премор, Пепи се одлучи да не не дружи на оваа акција crying. Со помали попатни паузи, за два часа веќе бевме на врвот Магаро каде што прекрасната глетка и видик ги пленуваше срцето и душата на секој од нас. Колку и да се остане долго на овој врв, секогаш ќе биде малку. Се задржавме околу половина час, после што го започнавме нашето спуштање до стартната точка. Со претходен консензус на сите членови, се упативме кон с.Трпејца каде што во ресторан на самиот брег на Охридското Езеро направивме ручек. Топлата вода ја искусивме јас и Љубе. Околу 5 часот попладне се упативме кон Горна Белица. Во 19 часот пристигнавме во селото, каде што не пречекаа мирот, спокојството и нашиот домаќин чичко Ламбро кој ни посака добредојде со сок, ракија, вода, пиво. Се сместивме во одмаралиштето на ЕВН. Пред заспивање, се договоривме нашата прошетка за наредниот ден да ја започнеме во 7 часот изутрина. Искачувањето до врвот Црн камен траеше околу 2:30 - 3:00 часа. Во 14:30 се собравме сите во одморалиштето и истото го напуштивме околу 16 часот. За Скопје се враќавме преку Дебар.

Повеќе фотографии можете да погледнете тука..................

Текст: Соња Вељаноска

 


Реализирани акции