Извештаи за реализирани акции

Љуботен 24.07.2016

ИЗВЕШТАЈ ОД ЉУБОТЕН - 24.07.2016

Вкупно 9 членови со клубското комбе оваа недела се упативме за Љуботен. Комбето го паркиравме вообичаено над Старе Село. Со лесно темпо по шумскиот пат и кратенките стигнавме до домот. Следеше кратка пауза, закрепнување на силите и договор кој ќе оди нагоре. Шест членови се упативме нагоре, додека другите тројца останаа да го чуваат домот и да наберат нешто чај за сопствени потреби. Времето беше топло и го отежнуваше движењето нагоре. Први на врвот стигнаа Лазо и Славко кои како што ни кажаа дури 45 минути ги чекале другите на врвот. На врвот се задржавме околу пола саат, се фотографиравме со клубското знаме и уживавме во погледот накај Ливадичко Езеро. Имаше некои планинари од Качаник кои ги сретнавме горе. Полека тргнавме надолу, собирајќи по некој планински чај накај Љуботенски Бачила. Се споивме со групата која не чекаше кај домот. Убаво се изодморивме и се спуштивме накај селото. И овој пат навративме во Тетово. Лазо повторно ни организираше изненадување и не однесе во слаткарница да пробаме по една тетовска боза на негова сметка. Штета што Мано не беше овој пат со нас wink. Доцна попладнето бевме во Скопје.

Текст и фотографии: Љубинка Диневска и Анела Кочоска

Повеќе фотографии може да погледнете тука...........


Реализирани акции