Извештаи за реализирани акции

Рилец 24-25.09.2016

ИЗВЕШТАЈ ОД ЦЕНТРАЛНА РИЛА, ВРВ РИЛЕЦ 24-25.09.2016

Во сабота наутро од пред Пошта 2 се тргна за Бугарија, поточно за Централен Рилски масив, Природен парк “Рилски манастир“. Одамна на овој терен никој не патувал од нашиот клуб. Целта на патувањето беше искачување на врв рилец и посета на Рилскиот манастир. Преку Деве Баир влеговме во Бугарија, попатно разменивме левови и го посетивме Рилскиот Манастир, а таму гужва невидена, редици се чекаа за влез и за мекици кои се продаваат во манастирот. Во овој период на годината голема е раздвиженоста на Бугарските планини и туристичките локалитети. Комбето го паркиравме над манастирот и преку Кирилова полјана се упативме по маркирана патека према хижа Рибни езера кој се наоѓа на 2237 мнв. Се сместивме во хижата каде гостољубиво не примија. Се движевме низ Риломанастирската гора. Во неделата рано наутро се упативме за врв Рилец 2713 мнв. со попатно искачување на на други околни врвови. Времето најпрво беше убаво за подоцна да се подрасипе малку па дури и да заврне. Но тоа не не спречи да си ја оствариме целта. Планината преубава, воздишки на секој чекор, езеро до езеро, чиниш си во некоја бајка. А напред Буран, води ли води со неговото искуство. На врвот се фотографиравме и падна одлука да се враќаме назад иако сакавме да продолжиме уште пола саат до едно наредно врвче. Од врвот се пружа спектакуларен поглед на Рибните Езера, а доминира Смрдливото Езеро кое е најголемо глечерско езеро на Рила планина. Интересно е да се напомене дека попатно на Рибните езера наидовме на рибари кои со трски ловеа риби - пастрмки, не за џабе и ги нарекле рибни езера, викаат биле полни со риба за што ни потврдиа и рибарите, да се чуди човек што све може да направи природата, со оглед дека овие езера во текот на зимата и пролетта се под дебел мраз, но ете рибите егзистираат и добиваат кислород од некои подземни извори и притоки на вода. Сите пресреќни и фасцинирани се вративме во Скопје прераскажувајќи за една несекојдневна авантура.

Текст и фотографии: Буран Сали

Повеќе фотографии можете да погледнете тука.................


Реализирани акции