Извештаи за реализирани акции

Матка 13.12.2015

ИЗВЕШТАЈ ОД ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПЛАНИНАТА - 13.12.2015

Како и секоја година по повод Светскиот ден на планината 11-ти Декември, Федерацијата на планинарски спортови на Македонија го прослави овој ден. Учество зедоа скоро сите клубови од Македонија а поради убавото време бројката на учесници од око ја проценуваме на околу 300-400. Беа понудени 3 опции за планинарење и тоа од Скопје преку врв Водно до Матка, патеката со обиколка на манастирите на Матка и третата беше пловидба со чамец по езерото Матка и посета на пештерите и природното наследство на кањонот. После планинарските активности кои се одвиваа на оваа манифестација следуваше дружење во ресторанот Кањон Матка и свечен дел на доделување на награди и признанија за планинарски достигнувања и високи дострели во планинарењето „Даре Џамбаз“. Прославата беше збогатена со греано вино и ракија, чај и планинарско гравче. Покрај членови на планинарските друштва, за гравче имаа дојдено и квази-планинари кои не се членови на ниту едно планинарско друштво а се редовни секаде каде што се дели бесплатен ручек. Во секој случај ова беше најмасовна манифестација во оваа доба на годината а за тоа е заслужно доброто време кое преовладуваше преку целиот ден. Од нашето планинарско друштво учество земаа голем број на членови, а некои беа и водачи на планинарска група. На нашиот член Здравко Дејановиќ му беше доделена награда за планинарски достигнувања “Даре Џамбаз“ бидејќи изминатава година се искачи на Анапурна на Хималаите.

Текст и фотографии: Јане Мирчески







Реализирани акции