Извештаи за реализирани акции

Бакардан 10.12.2016

ИЗВЕШТАЈ ОД БАКАРДАН - 10.12.2016

За овој викенд според предлогот на Влатко беше реализирана акција за Бакардан во зимски услови. Со цел да се искористи убавото време, со клубското комбе се упативме за Шар Планина. Поради снегот носевме полна зимска опрема. И покрај сончевото време, воздухот беше многу ладен одвреме навреме проследен со ветер. Се искачувавме преку гребенот. Кај куќичката под Церипашина направивме пауза и попатно со неколку кратки паузи кај Син врв и Казани - стигнавме до Бакардан 2704 мнв. Во зимски услови понекогаш е реткост да се пристигне и до овој врв, а камоли до Титов Врв. Екипата ја предводеше Влатко Лазаров со своето умерено и препознатливо темпо на движење. По краткото уживање на врвот, опиени од околната панорамска и далекудосежна глетка, се вративме по истата патека назад. Наместа движењето беже отежнато поради замрзнатиот снег. Сите задоволни од акцијата и чистиот шарпланински воздух се вративме во Скопје.

Фото: Мано Ставервски

Повеќе фотографии можете да погледнете тука....................


Реализирани акции