Извештаи за реализирани акции

Матка-Водно 08.01.2017

ИЗВЕШТАЈ ОД МАТКА-ВОДНО  -  02.01.2017

Како и секоја година, така и оваа, традиционално веднаш после Новата Година доколку времето го дозволува тоа, нашиот клуб организира акција од Матка до Водно со мала дружба во домот на врв Водно. Почетокот на оваа 2017-та ни дозволи убаво време да во голем број учествуваме во оваа акција, можност за меѓусебно честитање на празниците и сл. Тргнавме од транспортен центар со автобуска линија бр.60 во 07:00 часот. Од Матка стартувавме нешто пред 08:00 часот по класичната патека. Времето беше прекрасно за пешачење. Со мали попатни паузи стигнавме до седлото од каде што цел ден не пратеше јануарското сонце. Скопската котлина долу се гушеше со нечистиот воздух. Следна пауза направивме кај колибата кај бункерите за на крај сите да се собереме во домот на Водно на топло чајче и заслужен оброк. На врвот имаше вообичаена гужва, поради празниците и неработните денови. Ги охрабруваме сите кои имаат слободно време а не знаат каде да одат - да го посетат планинарскиот дом на Водно каде се подготвува далеку прочуениот планинарски чај, да ја разбијат секојдневната градска монотонија и да уживаат на чист планински воздух и прекрасен поглед таму од горе.

Текст и фотографии: Анела Кочоска

Повеќе фотографии можете да погледнете тука...............



Реализирани акции