Извештаи за реализирани акции

Глумово-Водно 02.01.2017

ИЗВЕШТАЈ ОД ГЛУМОВО - ВОДНО - 08.01.2017

Речиси како и претходниот постновогодишен викенд, и оваа пост Божиќна недела се одлучивме за Водно и тоа од с.Глумово. За разлика од минатиот пат, сега времето беше многу поладно, со големи наноси на снег по матеката и дрвјата. Имаше и поларен студ и сонце со “заби“. Група од неколку учесници стартуваа во 07:45 од с.Глумово и на врв Водно бевме околу 14:30 часот. Во домот се одморивме и закрепнавме со оброк. Денот го заокруживме со враќање во Скопје.

Текст и фотографии: Мано Ставревски

Повеќе фотографии можете да погледнете тука.........

 


Реализирани акции