Извештаи за реализирани акции

Бакардан 28.01.2017

Извештај за акција Бакардан – 28.01.2017

Сабота 28.01.2017 по договор на дел од членството на ПСК Бистра беше договорена акција Бакардан зимски услови. Со возило на клубот и убави временски услови се упативме на стартната позиција Попова Шапка односно Планинарски дом Смрека. По кратка припрема за движење во зимски услови се упативме по разгазениот пат од ратраците преку грбенот до Антени каде имавме краток одмор . Од Антени по не разгазен снег со многу сонце, малку ветер поред Карабунар стигнавме на Бакардан , каде имавме подолг одмор со прекрасна зимска идила за што највпечатливо зборуваат фотогафиите.Се вративме по истата патека пред стартната позиција со челни светилки по што се упативме во правец на Скопје.

Фото.  Гоце Мишевски

повеќе фотографии можете да погледнете тука....

Реализирани акции