Извештаи за реализирани акции

Солунска глава 18-19.02.2017

Извештај за Солинска Глава 18 и 19.02.2017
 
По годишниот календар на ПСК Бистра 18 ети и 19 ети фрвруар 2017 та предвидрна бесше акција во траење од 2 ва дена за искачување во зимски услови на Солунска Глава.Утрото на 18 ети со превозно средство на клубот по облачно време, на моменти проследено со врнежи пристигнавме во Папрадиште каде по кратка припрема тргнавме по заобиколниот широк пат кон планинарски дом Чеплес. Кога  пристигнавме во Чеплес по мал одмор неколку члена заедно со Буран на кого му беше 923 ти пат се упативме по патеката над Бабина Дупка, по снег во кој на места се пропаѓаше до коленаа, на моменти пронижани од ладен ветер до врвот со многу внимание по лизгав терен и магла  се задржавме кратко па по истата патека се упативме кон Чеплес. На враќање дел од патеката ја поминавме со челни светилки.Во домот во прекрасна атмосвера се дружевме до касно во ноќта па отидовме да преноќиме.Другиот ден од Чеплес во рани мугри дел од групата се искачи на Солунска додека дел уживаше во убавината на планината окована во снег. По завршувањрто на акцијта од Чеплес се упативме кон Папрадисте па кон Скопје. 
 
текст и слика:Гоце Мишевски

 


Реализирани акции