Извештаи за реализирани акции

Кораб 15.04.2017

ИЗВЕШТАЈ ЗА АКЦИЈАТА КОРАБ 15.04.2017

Време на тргнување 6 часот од Железничка станица Скопје. Цел на акцијата Кораб(сабота) каде утринското расположение на учесниците на акцијата беше исполнето со голема возбуда, во исчекување на временската состојба,бидејќи прогнозата беше врнежи во текот на денот. По одредено време на патување по асвалт се вклучуваме по пат макадам низ кањонот со многу споро движење и многу одрони на патот до караулата Стрезомир. По кратака подготовка околу 8 и 40 мин. почнавме со искачување. Попатно со мали одмори и некоја фотографија, почнувајќи од бачилото почнавме со анализа на теренот на основа на што го базиравме движењето. Со совладување на надморската висина се повеќе преовладуваше снежната покривка.По многу поминати снежни јазици на летната патека, со малку ветер проследен со шушљак, во 14 часот бевме на врвот. Временските услови не дозволуваа подолго задржување на врвот, па одлучивме да почнеме со симнување. Кога се приближивме во подолната зона се осеќаше мирисот на штотуку поминатиот дожд што за среќа не не начека. Малку пред 18 часот бевме на стартот од каде 1 час се вклучувавме на патот за Маврово о.с. Скопје

 

текст и фотографија: Гоце Мишевски

 

 

повеќе фотографии можете да видите тука

Реализирани акции