Извештаи за реализирани акции

37- Традиционален поход Богомила-Скопје

Традиционален 37-ми поход БОГОМИЛА-СКОПЈЕ


УЖИВАЊЕ 

Екипата составена од 14 члена Мано, Анела, Златко Маффо - Виктор -Еџо - БИТОЛА, Илија, Менче-Илија ОХРИД, Силвија КУМАНОВО, Даниел,Фено - НЕГОТИНО, Стојче - К.ПАЛАНКА и најзабавниот Воислав - профа) учествуваа на ТРАДИЦИОНАЛНИОТ ПОХОД од 21 до 23.04.2017 г.: планинарски дом „Чеплес„ -Солунска Глава (2540 м.) -Бегово поле-планинарски дом Караџица - Алдинци - Преслап - Марков Манастир - Врв на Водно. 

 

Како и секоја година, така и оваа, според програмата за активности се одржа 36-тиот пролетен маратон на релација Богомила - Водно во должина од 100 км.Зборно место беше планинарскиот дом Чеплес. Вкупно 14 учесници од 7 клубови од Македонија зедоа уество на овогодинешниот маратон. Водачон на маратонот Maно ги предводеше маратонците преку Солунска Глава до домот Караџица, нормално со попатни паузи за одмор, фотографирање и оброк, како и взаемно договарање. Се ноќеваше и во домот Караџица. Во неделата рано утрото групата се упати према Водно, преку Марков манастир. Попатно, ПСК Бистра обезбеди освежување со топол чај и закрепнување на силите на маратонците од големиот умор. Преку лозјата нагоре се пристигна на Водно каде маратонците беа пречекани со локум и планинарско гравче. Следуваше церемонија за доделување на благодарници за сите учесници и со желба за скоро и помасовно видување си посакавме довидување.

Маратонот помина во одлична организација и без никакви проблеми. Истиот го поддржаа сите клубови од државата, како и сите членови од нашиот клуб.

 

Проследете го прекрасното доживување....

 

повеќе фотографии погледнете тука




Реализирани акции