Извештаи за реализирани акции

kajmakcalan-lutraki 19-21.05.2017

ИЗВЕШТАЈ  ЛУТРАКИ  КАЈМАКЧАЛАН  19-21-05-2017 ГОД.

ПЕТОК  19.05/2017 ГОД.

Според планот по собирање на групата, во 16.15 часот  тргнавме кон граничниот премин Богородица  -Гевгелија.После завршувањето на граничните формалности, во Лутраки пристигнавме во 23 часот.

САБОТА 20.05.2017 ГОД.

Појадок, и упатување кон врвот Кајмакчалан 2521 м н в.од страната на Грција. Групата се состоеше од 25 планинари од кои 22 планинари се искачија на самиот врв, кој е добро познато историско место од времето на првата светска војна 1916 год. По кратко задржување и фотографирање , групата се упати кон местото од каде и тргнавме. Акцијата се изведе по убаво време и секако со задоволство сите планинари се упативме кон бањите на Луртраки каде имавме околу 2 часа релаксирано бањање. Денот го завршивме со заедничко дружење со жива музика до касните вечерни часови.

НЕДЕЛА 21.05.2017 ГОД.

Појадок, и упатувње кон Воден на 30 тина километри од Лутраки, со посета на познатите водопади во самиот град. По двочасовно разгледувње на Воден во 15.30 часот се упативме кон Скопје, каде околу 21 часот и пристигнавме.

Акцијата беше изведена во целост.

Подносител на извештајот  Марин Цветановски.

 


Реализирани акции