Извештаи за реализирани акции

Селечка Планина 21.05.2017

Извештај од 12-от Традиционален меморијален марш

по Селечка планина во чест на починатиот прилепчанец-планинар ,, Петре Андоновски-музичарот.

По покана на ЕПД,,Картуш,, Прилеп,, на 21.05.2017 членовите на Бистра се придрушија на овој Републички традиционален планинарски марш.

Акцијата започна од с.Плетвар каде секој планинар-учесник на маршот доби пакет производи од ,,Винчини,, и со број на телефон на самиот организатор.

Во 8,30 часот групата тргна од с.Плетвар со умерено темпо на движење прилагодено според карактерот на патеката  и возраста на учесниците. За поздравување е присуството на помладата популација- деца.. Мал одмор и пригоден говор во чест на ,,Петре Андоновски-музичарот,, имаше кај чешма-ливада.За цело време на искачувањето групата се движеше многу компактно без престигнување на водачите. Кај чешмата ,,Казанташ,, секој планинар доби чај со локум, а на целта ручек во манастирот св.Димитрија -с. Селце.

Акцијата успешно реализирана иако кратка сепак може да се каже слатка.


Реализирани акции