Извештаи за реализирани акции

Заедничка средба Србија 09-11.06.2017

ЗАЕДНИЧКА СРЕДБА РТАЊ-Србија

09-10-11.06.2017 година

Како и секоја година, така и оваа, традиционално пред летните одмори се одржува заедничката средба помеѓу трите збратимени друштва ПСК “Бистра“ од Македонија, ПД “Јосип Панчич“ од Србија и ПД “Комови“ од Црна Гора. Оваа година домаќин на средбата беа ПД “Јосип Панчич“ од Србија. Место на одржување на акцијата беше планина Ртањ .

На пат тргнавме со изнајмено комбе за 22 патници, а На акцијата учествуваа 21 член од нашиот клуб. 

ПЕТОК- Тргнување од договореното место во 11,30 часот, со попатни одмори, ручек во Предејане. Во 17,30 часот пристигање на планинарите во планинарскиот дом во меснноста Грза.

САБОТА- Доручек, и тргнување кон целта,односно искачување кон планината Ртањ односно врвот Шиљак со 1570 м н в.По  живописен терен, со попатни одмори и фотографирање околу 13,30 часот стигнавме на целта односно на врвот Шиљак. По краток одмор , и закрепнување со ручек и неодоливото фотографирање , се упативме кон јужната страна кон селото Ртањ.По краток одмор , се упативме кон планинарскиот дом каде што бевме сместени. Вечерта беше организирана заедничка вечера со богат забавен живот.се до касно по полноќ .

НЕДЕЛА- Доручек, повторно заедничко дружење со утринско кафе и чај . Тука се разделивме со планинарите од Подгорица , додека со домаќините продолживме да се дружиме со посета на Зајачар, каде го посетивме градскиот музеј, а потоа и месноста  Ромулијана. Со мала закуска и дружење во 17,30 часот се  разделивме и со домаќините. Заедничката акција беше многу успешно изведена , без никакви забелешки.

Акцијата ја оценуваме како успешна во целост.

Подносител на извештајот  Марин Цветановски. 

 

 





Реализирани акции