Извештаи за реализирани акции

Беловиште ПИРИБЕГ 18.06.2017 год

Беловиште ПИРИБЕГ 18.06.2017година

 

Во недела на 18 Јуни 2017 год 9 члена од ПСК Бистра под будното око на Владимир Л.одговорен за оваа група Славчо, Сара, Киро, Анела, Драги-шеки, Пепи, Гоце М. ја реализираа акцијата
БЕЛОВИШТЕ-ПИРИБЕГ (2524 м.н.в.)
Точно на време со позитивна енергија за претстојната акција со песна и смеа стигнавме во Беловиште со нашето клубско комбе. Тука ни се приклучија Тони и неговиот компањон од Тетекс -Тетово. Тргнавме во освојување на Пирибег кој не мамеше и ни се смееше. Времето поволно за искачување, иако подроснуваше, не не поколобе во нашата намера. Лазо како по обичај летна,, сам со себе,,.Попатно со слатки плодови јаготки црвени, јаготки сочни се витаминизиравме. Како излеговме од шумата времето нагло се промени. Дуваше ладен ветар, а Љуботен, Пирибег нигде ги немаше. Маглата ги скри , а сонцето страмежливо ни се смееше. Но повторно не се поколебавме, одиме понатаму. Тука некаде Сара се пожали на грчеви, а добриот Пепи се врати со нејзе друштво да и прави.Седумина продолживме , а тетовчаните уште подолу не напуштија и кон бачилото се упатија.Ветерот штипеше, сонцето нигде го немаше, магла се погуста, студот не обвитка. После 3,5 часа одење на околу 2100 м.н.в. главата на групата Влатко во договор со останатите членови реши акцијата тука да заврши. Немаше причина зошто да продолжиме кога маглата погледот ни го зема. Така измрзнати тргнавме да се враќаме назад. Поминавме покрај бачилото каде не пресретна овчарот со своето стадо.А мирољубивите погледи на овчарските кучиња од сликите можете да ги видите.Будно чуваа, но во исто време не поздравуваа. Прекрасна глетка, рај за очи и душа, времето ни се наклони. Повторно слатки плодови.
А шлагот на акцијата беше Пепи кој со своето кафе-чашка муабет направи дружбата наша да потрае.
Што да кажам, со исклучок на една немила случка-која на никого не му ја посакувам, АКЦИЈАТА БЕШЕ ПОВЕЌЕ ОД УСПЕШНА.
Се разделивме со договор акцијата да ја повториме.

 

повеќе фотографии



Реализирани акции