Извештаи за реализирани акции

Oлимп 28.06.2017

ОЛИМП (со одмор ) 26.06.-06.07.2017 год

Како и секоја година и оваа година клубот организираше акција искачување на Олимп со престој на море 10 дена.За оваа акција интересот беше голем, се патуваше со клубското комбе.

Поаѓањето беше на 26.06.2017 год. во утринските часови, двете граници се поминаа без проблем, сместување во кампот Евридики( приколки).Времето горе во планината Олимп првите два дена беше лошо, магловито и облачно. Третиот ден временските услови се подобрија и се договоривме наредниот ден 28.06. 2017 год. да се идкачиме и да ја реализираме предвидената акција. утредента рано наутро во 3,30 часот наши 6 члена и два члена од ПД Анапурна се упативме кон планината Олимп со клубското комбе..Акцијата започна од месноста Приони каде и го оставивме клубското комбе . За неполни 3 часа стасавме во планинарскиот дом на 2100 м.н.в., половина час одмор , па се упативме кон освојување на врвот Митикас. По половина час пешачење групата се подели на две групи -првата група искачување на врвот Митикас преку кулуарот од кај Стефани, -втора група до врвот Скала-Сколио. После искачување на врвот групата продолжи кон врвот Скала о.с. Сколио. После успешното искачување на трите врва групата се упати кон планинарскиот дом,о.с месноста Приони. Желбата на групата беше да се искачат и на врвот св. Антонио.

На акцијата учествуваа следниве планинари

Врвот МИТИКАС- Паза Сарева-Сара, Буранедин Сали и Бадаровски Љубе како наши членови и Игор,Ангеле од ПД Анапурна.

Врвот Скала (Сколио) Гоце Мишевски, Перо Димитровски и Божо.

 

извештај: Буранедин Сали

 

повеќе фотографии


Реализирани акции