Извештаи за реализирани акции

ПЛАТ-Титов врв 01.07.2017 год

ГОРНА ЛЕШНИЦА-ПЛАТ-ТИТОВ ВРВ-БАКАРДАН-АНТЕНИ--ЦЕРИПАШИНА

акција за почит, во која учество земаа Весна, Анела, Ангелина и ја реализираа под будното око на Владимир Л..Акција реализирана по многу убави временски услови во кои окото на нас планинарите се исполни со восхит кон природата и нејзините убавини. Што да напишам, што да кажам оној кој бил на ваква акција може да знае што се можеш да доживееш.,а јас бев воодушевена од пејсажите , а во еден момент мислев дека сум на Дивиот запад. Научив и (препорака до секој кој незнае) ножички и кесенце за секој случај, чај во изобилство. Многу не говоревме ,уживавме во взаемната дружба. Договори на лице место. На врв дружба со членовите на ПСК Макпетрол и нивната несебичност во дарувањето. Бакардан каде мислев дека сум во облаците , ветрот ги дува нашите коси и мами насмевки на нашите лица. Убавини, убавини, убавини ќе бидат врежани за секогаш.

 

повеќе фотографии



Реализирани акции