Извештаи за реализирани акции

Веливар 29.07.2017

Веливар 29.07.2017

 

7 члена на ПСК Бистар и два надворешни члена ја повторија оваа акција Дешат-Вели Вар (2373м) во сабота 29 Јули. Средно тешка патека, убав предел, недопрена природа, убаво време.
Должина на патеката 21км.во двата правци. За 5 часа со благо-споро темпо со почеток од караулата од десна страна се пристигна до врвот Вели вар, а за 2 часа и 30 мин се вративме назад по десната страна.Значи членовите направија круг,. Сите членови предводени од Влатко се искачија на врвот и претставуваа компактна група која реализираа успешна акција. На враќање со меѓусебен договор, време колку сакаш и сонце во изобилство , посетен е и Дуфскиот водопад кој плени со својата убавина..

повеќе фотографии


Реализирани акции