Извештаи за реализирани акции

KORAB 02.08.2017

КОРАБ 02.08.2017

Тргнувањето беше закажано за 5,30 часот наутро, пред пошта. Во 8:30 веќе бевме кај караулата Победа (1280 метри надморска височина)и го започнавме нашето движење-искачување. 
Патеката на искачувањето беше со должина 18.160 метри во двете насоки. Истата беше маркирана и За околу 1 час движење стигнавме до Нистровото бачило. Потоа се оди по голема стрмнина прекриена со трева се додека не се стигне до гребенот од каде потоа следеше  искачувањето кон највисоката точка – Голем Кораб.А нашето искачување беше баш од кај Гребенот. Еден дел од гребенот може да биде лизгав, има доста мали каменчиња и треба максимална внимателност за да се мине безбедно. Потоа следува спуштање до седлото. Од тука може да се види врвот. По пат се поминува покрај доста стрмни гребени (од Албанска страна) чии што поглед воодушевува, а емоциите и страста за планината се на највисоко можно ниво. Потоа следува последното искачување на самиот врв Голем Кораб (2753 m) - највисок врв на планината Кораб, а воедно и највисок врв во Република Македонија, каде се поделивме во две групи за да се сретнеме на врв за околу 5часа и 15-тина мин., каде направивме и поголема пауза-уживање во сонцето и дружење со семејство од Чешка. Воодушевени бевме од малите планинари од Чешка. Врвот се наоѓа во северниот дел на планината, на границата со Република Албанија. Врвот е доста стрмен, особено кон албанската страна. И покрај тоа што планинарите од нашиот клуб имаа различно темпо и патека на движење, во 17:00 часот сите бевме на стартната позиција. Еден член  од нас се одлучија сепак да не се искачи до највисоката точка, , но затоа се одмараше и уживаше во природата.Напоменето е од членот Лазо да се внимава при берење на боровинки од поголемо движење на змиите.



































Реализирани акции