Извештаи за реализирани акции

ПИРИН-Бугарија 13.08.2017

ПИРИН-Бугарија 13-18.08.2017година

Акцијата ,,Пирин-2017,, која се одржа во деновите од 13.08. до 18.08.2017 год. учествуваа 5 члена и беа освоени 6 врва над 2600 м.н.в.(Вихрен 2914 м.н.в., Положан 2725 м.н.в., Каменица 2822 м.н.в., Тодорка 2746 м.н.в., Момин двор 2725 м.н.в и Голем Питиц 2645 м.н.в..

Интересот во клубот  беше голем, поради немање на слободни денови не можеа да учествуваат на оваа преубава акција.

Прв ден

Во договореното време појдовме од Скопје преку К.Паланка, Ќустендил, Благоев град, Банско до Добриниште,о.с. хижа Гоце Делчев каде се паркираше комбето. Понесовме опрема и храна за 1 ден. До хижата Безбог пешачевме 1,40 мин..Во домот се сместивме , одмор од 1 час, па се упативме кон искачување на врвот Положан (мангр Тепе) 2850 м.н.в., а по 2 часа стасавме на врвот по не баш најдобро време, кое беше проследено со повремена магла и дожд. Враќање во домот и ноќевање.

Втор ден

Во 6,30 часот појдовме пеш кон домот Гоце Делчев каде беше комбето паркирано . се движевме 1,10 час, со комбето се упативме за Банско о.с хижа Вихрен, каде се сместивме и после кратка пауза се упативме кон врвот Вихрен (Елтепе) 2914 м.н.в. кој го искачивме за 2 часа и 30 мин..Времето беше добро и ни дозволи да се задржиме на врвот еден час. Враќање во домот и ноќевање.Тој ден иако беше работен сретнавме преку 200-тини планинари , кои се враќаа од врвот, а најмалиот планинар имаше сао 4 години.

Трет ден

Комбето го паркиравме покрај домот , а со нас ја понесовме целата опрема бидејќи според програмата треба да одиме за заслонот,, Темно езеро,, кде ќе се ноќева, и истиот ден да се искачат два врва Орловец и Железник, но одејќи по пат ми дојде идеа да ја смениме маршутата, а останатите учесници се согласија со истата и наместо хижа,, Тевно езеро,, се упативме за хижа ,,Дамјаница,, каде и се ноќеваше, а по пат се искачивме на врвот голема Тодорка 2746 м.н.в. и уживавме во убавините кои ги нудеше природата и 10-те езера кои ги видовме.

Четврт ден

денес маршутата ни беше
































































































Реализирани акции