Извештаи за реализирани акции

МУСАЛА-МАЉОВИЦА 26.08.2017

МУСАЛА-МАЉОВИЦА Бугарија

Aкцијата РИЛА-2017 се одржа во деновите 26-27-28 Август 2017 год., беа искачени три врва Мусала 2925 м.н.в., Маљовица 2729 м.н.в. и Иван Вазов 2670 м.н.в.. Учествуваа девет члена, а интересот за оваа акција голем, но капацитетот на комбето е девет седишта и мораа да патуваат само девет члена.

Поаѓањето беше на 26.08. во 5,00 часот, патувавме преку Ќустендил, Дупница до Боровец каде комбето го паркиравме. Една група со жичара, друга група пеш, се упативме кон домот Заслон Еверест каде претходно имавме резервирано ноќевање. Истиот ден 4 члена се упатија на врвот Мусала.

Наредниот ден утрото станавме рано бидејќи сакавме на врвот да бидеме пред да изгрее сонцето, 10 мин пред изгревање целата група беше на врвот. На врвот се задржавме 1 час бидејќи имаше што да се види, паралелно со изгревањето на сонцето. се вративме во домот да ги земеме ранците и се упативме пеш за Боровец. Од Боровец со комбе продолживме за Самоков, Говедарци , до комплекс Мањовица каде го паркиравме комбето и се упативме пеш до хижа Мањовица каде и ноќевавме.

Наредниот ден (трет ден) станавме рано бидејќи денес имавме доста за пешачење, беа споени две тури Мањовица со Седумте Рилски езера . Во 5 часот појдовме од хижата, во 8 часот бевме на врвот Маљовица каде го испивме утринското кафе. После половина час одмор се упативме по гребенот кон врвот Иван Вазов, од десната страна на гребенот цело време ги гледавме Урдинските езера. На раздела бевме во 11 часот од каде почнуваше втората тура обиколка на Рилските езера. Два часа се движевме покрај езерата, нашата маршута продолжи кон хижа Ловно о.с. хижа Вада каде пристигнавме во 15,30 часот. Тука не чекаше возилото(комбе), а после 1 час одмор се упативме за Македонија.

За овие три дена колку бевме на масивот Рила сретнавме преку илјада планинари. Но Мусала не потсети на наш Кораб(традиционалната акција 8 септември).Истата слика беше кај хижа Маљовица од сите страни се собираа планинари, и на седумте Рилски езера истата слика каде сретнавме преку 400 планинари иако беше работен ден.

На акцијата учествуваа Владимир, Буран, Гордана, Сара, Зоран и Зорица, Мано, Зиннур.

Продолжен викенд, прогноза за убаво време, убава мамка да ја газиме Рила.
Во саботата 26 Август 9 члена за 5 часа на Јастребец со жичара, а за 2,30 часа пристигнавме во Заслонот Еверест Ледено езеро каде се сместивме .
Една група нестрпливи планинари за 35 мин од заслонот Еверест го искачија врвот Мусала. Спиење во заслон Еверест. Утредента наутро, пред да изгрее сонцето, на 27 Август тргнавме повторно да го освоиме врвот Мусала и да си пружиме еден прекрасен момент изгревањето на сонцето на 2920 м.н.в. Само можете да претпоставите какво беше тоа доживување. Треба да се доживее -ПРЕКРАСНО.
Враќање во заслонот Еверест ,појадок и пат( камења) под нозе.Пешки до Боровец, . За еден час( пазарење по пат ) стигање во комплекс Маљовица, со 10-15 килски ранци на грб за 1,5 час по прекрасно сончево време во хижа Маљовица каде се ручаше, преноќеваше и меѓусебно се дружевме.
Утредента на 28 Август група од 5 спремни планинари тргнаа во акција освојување на врв Маљовица, Урдини езера, раздела, 7те Рилски езера хижа Ловна и после 10 часовен празник за очи и душа пристигнавме на договореното место - целта хожа Вада.
тридневна прекрасна тура , движење низ прекрасни места , со позитивни луѓе пропратена со прекрасно време -царска температура 12 степени. 
Сите подеднакво задоволни но еден планинар од групата кој за прв пат е на клубска акција презадоволен, која изрази голема благодарност до членовите што и овозможија и она да биде дел од ова прекрасно тридневно доживување.


















Реализирани акции