Извештаи за реализирани акции

Китка-Кокино 22.10.2017

с.ПЕЛИНЦЕ-врв КИТКА-КОКИНО 22.10.2017 год.

Втора приправничка тура на нашиот член Марјан С.кој ја реализира код будното око на неговиот ментор Александар С. (ЦУЛИ) и Бобан С. младиот претседател на планинарскиот клуб ЗПЗП Козјак 2017-Куманово организатор и водач на оваа акција.
Една навидум лесна тура, која мислевме дека не е ништо посебно, сепак излезе 18 км на крајот и не разбуди од мрзеливоста и ни го направи денот уште поубав. Солидна за почетници и луѓе кои сакаат да си ја подобрат кондицијата.
Преубаво време, преубав предел, преубава тура, предобри луѓе.
Огромна благодарност до членовите на ПД „Јелак“ од Тетово и членовите од ЗПЗП Козјак 2013 -Куманово како домаќини што ни овозможија да уживаме во убавините на планината и во планинарската дружба која продолжи се разбира и во меана. Убаво за мене како учесник во оваа акција , акција во која младоста преовладуваше -топло ги поздравувам и најмладите членови на оваа акција двете сестрички кои се движеа под будното око на својот татко.

фотографии



Реализирани акции