Извештаи за реализирани акции

Мунџица-Караџица 05.11.2017

Врв Мунџица( 1571мнв)-Караџица

Во неделата 05 Ноември членовите на ПСК Бистра заедно со членовите на ПСК Скопска Црна Гора ја реализираа акцијата врв Мунџица-Караџица.

Прва приправничка тура на членот Гоце М. и трета приправничка тура на членот Марјан С.кои ја реализираа оваа акција под водство на водичот-ментор Ѓорѓи П. Акција реализирана по многу убави временски услови, лесна за искачување, со преубави предел , добра дружба и спомени кои ќе се паметат.Трагите од ледената епоха, преставени преку морени, прикриени со букова и инглолисна шума, те водат до Врв Мунџица, крстосница за Бегово Поле, Солунска Глава, Салаковски езера, Марков Манастир, Водно, Кадина Река.
Следејќи ги нивните траги, ја чуствуваш душата на шумата. Прво, буковата душа те пречекува, онаа која шушка додека одиш и ти раскажува за нејзината топлина, па потоа инглолисната душа, таа што те боцка одвреме навреме и зеленикаво те потапкува по рамо. Се спријателиле со сонцевите зраци и те стоплуваат на врвот.
Ех, не се единствените кои те пречекуваат и те топлат, те пречекува и те сплотува душата на Филип Чакаров, во Планинарскиот дом Караџиџа.
Пречекани, стоплени, и ние оставивме траги од нашите чекори, чекорејќи по чекорите на претходниците.
Тоа е Караџица, тоа е Мунџица.

фотографии









































Реализирани акции