Извештаи за реализирани акции

Плавуш- Валандово 05.11.2017

По падините на Плавуш-Валандово

Планинарскиот клуб „ЈУГ ВАЛАНДОВО“ Валандово на 05 ноември 2017год. (недела) го организира традиционалниот меѓународен 6-то Ноемвриски марш „По падините на Плавуш“.
Висините на Плавуш, беа искачени од повеќе стотини планинари од државата и соседните земји, како и од 14 члена на ПСК Бистра при МВР-Скопје.
Истиот се изведуваше по патеката: Валандово - Раброво - Џин Чешма - Милкин Врв (на 657 м.н.в.) -Песо Поле - Врв Жапка - Кула - Манастир „Св.Георги“ - Валандово.

Целата траса дури и за искусните планинари, но и оние доброволните придружници траеше 4-5 часови. Крајна точка беше Манастирот „Свети Георги“ каде домаќините организираа заеднички ручек за сите учесници, традиционално планинарско гравче. На сите учесници, претставници на повеќе планинарски друштва од земјата и од соседна Бугарија, организаторот на маршот, ПД „Југ“ им додели благодарници, исто така и на истакнати поединци, за најмлад и највозрасен учесник на маршот.
Лесна тура околу 9 км, тура одлична за почетници.

Одлична манифестација, прекрасни луѓе, одлично време, дружба , со песна и игра.

Голема Благодарност до организаторот ЈУГ Валандово како домаќин што направија мала, но прекрасна планинарска дружба на планинари од целиот регион .

фотографии


Реализирани акции