Извештаи за реализирани акции

Зима на Скопска 12.11.2017

Зима на Скопска 

Акција на ПСК Скопска Црна Гора на која акција учество земаа нашите планинари. Оваа акција е трета приправничка акција на Марјан С. и втора приправничка акција на Гоце М. кои ја реализираа под водство на нивниот ментор Ѓорѓи Петровски.
Прва од седумте, прва од седумте планински патешествија на Зима на Скопска, Патека на Костените.
Дојдени од секој крај, во магливо утро, кое те погалува сосема нежно како што се издига во височините. Испреплетени меѓусебе, се препознавме по планинарскте стапчиња, по планинарските чевли.
Поклонети пред Св.Никола, осветлени од неговиот благослов , полетни со радост, тргнавме по Патеката на Костените. Секој со искри од радост, светкавме ко светулки пред приквечерина, задкривувајќи се пред, зад, крошните на костените.
Барајќи костени, слушаш жубор на вода, која те пренесува до месноста Говедарник. А, оттаму наѕира Црн Камен, врв каде ја ослободуваш секоја честитка од радост. Врв, кој не познава стари, млади, туку само храбри планинари, кои го освоиле, токму ден пред Ослободувањето на Скопје.
Скопје, иако те гледаме во сиви облаци, сепак те сакаме! Радост ти ни будиш!
Се симнавме до Спирова колиба, таму веќе е топло, огинот гори, се грееше чајче, се вареше кафе. Секој кој што има, кој што донел, кој што нашол попат (костени), споделува, споделува по некое залаче, споделува по некој топол збор. А планинарската куќа е осветлена, и се прашуваш дали е тоа е од сончевите зраци или од дрвата кои горат. Не, тоа е од топлината на гостите, од чија топлина душата ти е стоплена.
Но, тука не завршува нашата приказна, продолжува по патеката Три чешми. Пешачиш надоле, поминуваш една чешма, друга чешма, трета чешма, наполнуваш изворска вода, но не ја гаси жедта за планина, туку те повикува повторно да дојдеш на Зима на Скопска.
Ви благодариме на сите што дозволивте да ја споделите својата планинарска радост, на Зима на Скопска !

фотографии



Реализирани акции