Извештаи за реализирани акции

Царев врв 25.11.2017

Царев врв (2085 мнв) Sultan Tepe

На 26 Ноември По прекрасни временски услови одејки по патеката на облаците 21 член на ПСК Бистра го искачија Царев врв- Осоговски планини
Царев Врв (или познат уште како Султан Тепе) со своите 2.085 метри е еден од петте врвови на Осоговските планини кој е повисок од 2000 м.н.в.. Кон Царев Врв се пристапува од две страни, од кривопаланечкиот манастир Св. Јоаким Осоговски и од Кочанско преку Пониква. Oд Крива Паланка се пристапува до манастирот Св. Јоаким Осоговски, па преку селото Варовиште, Ловечката куќа и Калин Камен, па до Царев Врв. До ловечката куќа се оди со возило по асфалтен пат, иако има маркирана патека која почнува од манастирот.
Акцијата започна од Ловечката куќа .Се движевме во група, со кратки одмори за вода, и пред искачувањето на успонот пред Калин Камен. Утрото, времето беше променливо, со сончеви периоди, а ветрот беше послаб. Се качивме на Калин Камен.. Одморивме 15 тина минути, јадевме направивме некоја фотографија и бидејки веќе ветерот дуваше позасилено, решивме да продолжиме кон Царев Врв. Имавме среќа за време на искачувањето да не поштеди времето со послаб ветер, со почести сончеви периоди за време на искачувањето. Веќе на околу 2.000 метри имаше снег на планината, па се движевме по снег се до врвот, што малку ни ги забави искачувањето.Сонцето сеуште не грееше, па успеавме да се сликаме во подобри временски услови на врвот.
Пред да се искачивме, на Царев Врв, пресретнавме една група од Куманово. Планинарското друштво Канон кои имаа планинарска акција на истиот врв.
На врвот каде се наоѓаат Царевите кули, направивме низа на фотографии како приказни, иснпирирани од снегот внатре во кулите и по отворите во вид на прозори. По искачување на последниот уќесник на акцијата направивме подолга пауза.По добрата гозба , со добар збор и песна се упативме назад до Ловечката куќа каде се договоривме дека нашата акција тука не завршува. 
Средување на впечатоците од преубаво поминатиот ден на Осоговска планина, каде ,ако не во кафана ресторан РАНЧ-Крива Паланка.

фотографии


Реализирани акции