Извештаи за реализирани акции

Витоша-Бугарија 23-24.12.2017

Витоша-Бугарија

Како и секоја година така и оваа година се одржа традиционалната акција Витоша-Бугарија која акција се одржа на 23-24 Декември 2017 год.
После долгите подготовки на клубските состаноци, конечно дојде и викендот да се реализира оваа традиционална акција која нашиот клуб ја организира. 
Вкупно 100 планинари, членови на клубот и останати пријатели, во саботата наутро во 06:00 часот тргнаа за Бугарија. Според програмата во саботата имавме предвидено и 3 часа шопинг во Декатлон, можност за набавка на нова планинарска опрема. Во попладневните часови се упативме во хижа Алеко каде што имавме резервирано сместување со ноќевање. Временските прилики, лизгавата и подмрзната коцка по патот, неисчистените делници од снег на патот и сл., не претставуваше пречка за искусните возачи на автобусите да не донесат до саканата дестинација Планинарски дом Алеко. Се сместивме во домот според утврдениот распоред на собите. Како и секоја година, просторот во долната сала го окупираме за предновогодишна забава, па така и сега со помош на гитарата на Вања, појачалото на Марлена громогласно планинарско пеење си прославивме на високо ниво. 
Да ги споменеме и готвените јадења од кујната на Алеко, а посебно ја издвојуваме “шкембе чорбата“. Забавата заврши доцна во ноќта, а во неделата наутро во 07:50 по локално време 78 планинари сите во група се упативме према Црн Врв 2290 мнв. под будното око на Буран, Сара, Марјан и Гоце кои цело време ја координира оваа група Утрото не ни ветуваше убав ден, мирно, спокојно време, туку напротив акцијата искачување на ЦРН ВРВ се одвиваше по магловито време проследено со силен ветер.о.с имавме многу лоши временски услови... Кога излеговме кај месноста резерват “Торфено браниште“ почна да дува посилен ветер кој го отежнуваше нашето движење. Снег имаше прилично доста, наместа и по 20-30 сантиметри. За час и цетириесет минути 68 планинари се искачија /попатно 8 планинари се откажаа од освојување на врвот/ и се засолнија во заслонот на Црн Врв, а внатре топла атмосфера, гужва колку ти сака душа, над 70 планинари натрупани во една соба. Еден час пауза во заслонот, но ветерот надвор сеуште беснееше, така да одлучивме да се симнуваме надолу и дружбата да ја продолжиме повторно во Алеко. 
После ручекот полека полека се натоваривме во автобусите и според сатницата на програмата се упативме од Витоша директно за Скопје. 
Сите среќни и задоволни се упативме за Скопје и се вративме во Македонија, со констатација дека ова беше најмасовна акција во историјата на постоење на нашиот клуб ПСК Бистра при МВР .

Мината година останавме со надеж дека догодина ќе бидеме уште побројни и желбите станаа РЕАЛНОСТ.

фотографии
.

 

 



Реализирани акции