Извештаи за реализирани акции

Матка-Водно 08.01.2018

Матка-Водно традиционална акција

Како и секоја година, така и оваа, традиционално веднаш после Новата Година нашиот клуб организира акција од Матка до Водно со мала дружба во домот на врв Водно. Почетокот на оваа 2018-та ни дозволи убаво време да во голем број учествуваме во оваа акција, можност за меѓусебно честитање на празниците и сл. Покрај нашите членови имаше и планинари од други клубови кои ни укажаа чест да бидат дел од нашата акција. Со своето присуство не почестија планинари од Планинска убавина , ПД Скпска Црна Гора. Тргнавме од транспортен центар со автобуска линија бр.60 во 07:00 часот. Од Матка стартувавме нешто пред 08:00 часот по класичната патека. Времето беше прекрасно за пешачење. Со мали попатни паузи стигнавме до седлото од каде што цел ден не пратеше јануарското сонце. Скопската котлина долу се гушеше со нечистиот воздух. Следна пауза направивме кај колибата кај бункерите за на крај сите да се собереме во домот на Водно каде бевме пречекани од претседателот на ПСК Бистра , како и членовите кои беа во организацијата. Не пречекаа со убав збор, топло чајче и заслуженото вкусно планинарско гравче. На врвот имаше вообичаена гужва, поради празниците и неработните денови.

повеќе фотографии



Реализирани акции