Извештаи за реализирани акции

Церипашина 19.01.2018

ЦЕРИПАШИНА (2531 мнв) 19.01.2018 година

 

По доста разговори дали да се одржи оваа акција поради неповолните временски услови и најавувањето за ветар со голема јачина, членовите на ПСК Бистра при МВР решија во секој случај да ја одржат акцијата. 
9 члена под водство на Валентин во петокот на 19.01,2018 го искачија врвот Церипашина (2.531мнв) со огромно задоволство. Времето одлично до врвот со одлични зимски пејсажи. Врв на Водно на дланка но затоа нашето Скопје нигде го нема ,под магла. Се движевме по снежната покривка со леснотија без да употребиме дерези. Се совлада висинска разлика од 800м. Патеката спаѓа во категорија Средно напорна копнена акција. На врвот Церипашина се договоривме да не одиме понатаму,акцијата заврши тука за 7 члена,а до Антени најхрабрите Валентин и Мано, каде прогнозата за силен ветар се оствари. Дружбата продолжи во пријатна атмосвера.

 

 

фотографии


Реализирани акции