Извештаи за реализирани акции

Бакардан 28.01.2018

Бакардан 28.01.2018 год.

7 члена од нашиот клуб и еден надворешен член под водство на Валентин ја реализираа оваа акција.Акцијата започна со искачување по гребенот, по Церипашина . Времето мирно, лесно движење и некаде околу 10,15 мин . искачен врвот Церипашина 2531мнв. По договор две групи,4-ца планинари назад, а 4-ца се упатија да го искачат врвот Бакардан. На врв во 13,00 часот ( Валентин, Влатко, Амелија, Мано) 20-тина минути одмор, враќање по гребенот и пристигнување назад во 16,15 минути. Одлична тура, акција во која на Церипашина се употребија дерези. Препорака за секој планинар, на вакви акции без дерези да не помислува да се пријави на акција.

 

sliki

 


Реализирани акции