Извештаи за реализирани акции

Клепа 04.02.2018

Врв Клепа (1150 мнв) 04.02.2018 година

Na 04.02.2018 год. 45 планинари од ПСК Бистра ја реализираа акцијата Клепа која се наоѓа во средишниот дел на Македонија, заедно со Планинарско Друштво Трансверзалец и извонредните гостољубиви домаќини од Сирково, ЕД „Грин Пауер“ од Велес, Општина Росоман , Општина Градско, посетители од ширум Македонија. Извонреден пречек со домашно лепче со сол, како и прекрасната алва на која никој не можеше да и одолее, изодени 21 км, искачен врвот Клепа со 1150 мнв и 888 метри висинска разлика, глетки на целa Македонија од Скопска Црна Гора до Кожуф со Богословец на исток, Златоврв на запад, Орле на југозапад, Демир Капија на југоисток и цело средно Повардарие, глетка и на местното градителство на селото Подлес и раселеното село Двориште и Чичевскиот манастир „Св. Архангел“, вкусување на извонредните македонски вкусови: гравче, домашна тиквешка алва, вино и ракија, добра дружба, смеа и забава ... вистинско уживање за секој учесник на оваа акција.

sliki

 


Реализирани акции