Извештаи за реализирани акции

Маврово 10.03.2018

Маврово (над 1900 мнв) 10.03.2018 год.

По долго одлагање на акцијава поради лоши временски услови и по препорака на ФПСМ да се внимава во зимски услови во саботата на 10.03.2018 год 9 члена на ПСК Бистра при МВР ја реализираа оваа акција и го споделуваат своето прекрасно доживување на снежната покривка која го побуди детското срце во секој од нас низ низа на прекрасни фотографии. Поаѓање на комбето пред Пошта во 06:00 часот. Поаѓање кон целта од паркингот на х.Биста во 08:25 часот. Временски прилики: убаво сончево време, со слаб ветер, кој како одевме нагоре се засилуваше и прекрасна снежна покривка. Патека на движење: стрмно нагоре по скијачката патека под ски лифтот, контролно време на врвот кај главната жичара 10:00 часот, покрај бачилото и потокот продолживме кон скијачките терени. Пристигнување на целта: 11:10 часот - највисоката точка над лифтовите на околу нешто повеќе од 1900 мнв. Пауза за јадење во заветрина под карпата на врвот, со убав поглед према врвот Бистра., Кораб на дланка, ах го нема Буран да ви раскаже подетално што се видовме. Пеевме, се радувавме, уживавме. Поаѓанје за назад: околу 12:00 часот, уште една пауза кај Бачило, пристигнуванје кај комбето околу 15,00 часот како што се договоривме претходно. На пат кон Скопје свративме во Гостивар кај еден добар пријател на Буран , а и наш член Зиннур на кафе-муабет т.е. на баклава. На Гостопримливоста и нема граници. По околу 30 мин. се поздравивме и тргнавме кон Скопје .

sliki


Реализирани акции