Извештаи за реализирани акции

Перен-Козјак 25.03.2018

Козјак-Перен(1326мнв) 25.03.2018

По покана од ZPZP Kozjak 2013 Kumanovo 7 члена на ПСК Бистра учествуваа на оваа акција под водство на Славчо С.. Баба Марта не изненади со снег, и тоа со убав снег! Поради временските услови, стазата мораше да почне од мегалитстката опсерваторија Кокино, потоа преку с. Арбанашко тргнавме кај с. Рамно, и после преку сртот до врвот Перен (1326 м.н.в.). Врвот беше прекриен со превез од густа магла, што ја направи турата да биде поинтересна. Од врвот Перен, тргнавме накај с. Арбанашко каде не чекаше гравчето (всушност, поради временските услови, ние го чекавме 15-20 мин. да стигне). Имаше околу 200 учесника, 12 клубови од Македонија и Србија. Одлична акција, уште подобри домаќини и организатори

sliki


Реализирани акции