Извештаи за реализирани акции

Добра вода 20.05.2018

 Железна река – Гостивар (ПЛАНИНСКИ МАСИВ ЧЕЛОИЦА)

Акција успешно реализирана од страна на нашите членови по идеални временски услови,а одговорноста за оваа акција ја понесе Сара.

Карактеристика на патеката:

Патеката започнува од  црквата св. Никола на крајот на селото Железна Река 920 мнв. До селото се пристигнува по асфалтен пат кој завршува на крајот од селото.

Патеката во првиот дел се движи по шумски пат во должина од околу 400 м. од каде се преминува на шумска патека 4 км. која води низ букова шума и ливади се до повторно вкрстување со шумски пат на висина од 1450 мнв. Следните 1.8 км движењето е по шумски пат кога се скршнува повторно од патот и се оди преку травнат и карпест терен во дoлжина ос 1.7 км се до врвот Добра Вода на2061 мнв. Вкупната должина на патеката во еден правец е околу 7,6 км. Потребно време за совладување на патеката околу 3:30 – 4 часа во правец.

Категорија: средно тешка патека

Патеката е маркирана.

  • Старт на 920 мнв. С. Железна Река
  • Врв Добра Вода 2061 мнв


Реализирани акции