Извештаи за реализирани акции

Плаќенска-Илирска Планина 24-25.06.2018

Плаќенска-Илинска Планина 23-24.06.2018 год.

Утрото,на 23.06. членовите на ПСК Бистра при МВР-Скопје  сe упатија кон Илинска планина за да ја реализираат дводневната акција Плаќенска –Илинска планини.Пристигнаа до патот кој води до самиот манастир, кој е посветен на Св. Илија (1.525 м.н.в), сместен на падините на Илинска планина, од јужната страна на Кичевската котлина. Оваа планина е една од најстарите на Балканскиот Полуостров, а името го добила по пророкот Илија. Тука пречекани од нашиот член и како и секоја година добар домаќин Горан С. Кој поради своите работни задачи неможеше да се приклучи на оваа акција.Се сместија во конаците на манастирот и иако времето не им беше наклонето, дождливо, дел од екипата тргнаа да го искачат врвот Лиска (1.908 м.н.в).Планината е богата со шуми, пасишта, најразновидни растенија, кои со својата палета на бои изгледаа навистина прекрасно во тој дождлив ден.Темпото добро, прилагодено за секој учесник. Една екипа која остана во манастирот се погрижи за добра вечерна закуска,,печурки,,.Вечера помината во одлично расположение, а макалото со лук на вредната рака на нашата планинарка Анче ќе остане во сеќавање за некоја следна акција и прилика.

Утрото на 24.06 се упативме во искачување на Сталев камен (1999мнв) врв на Плаќенска планина. Иако времето и ова утро беше врнежливо тоа не претставуваше пречка да се реализира оваа акција

Акција одлична, иако од лесен карактер со благо искачување останува во друга прилика, во подобри временски услови да се реализира во целост.

слики


Реализирани акции