Извештаи за реализирани акции

Беловишки водопад 30.06.2018

БЕЛОВИШКИ ВОДОПАД  30.06.2018 год


На нешто повеќе од половина час западно од Скопје се наоѓа нашата недопрена и девствена убавина, прекрасната Шар Планина, која изобилува со бројни извори, потоци, езера, а меѓу кои е Беловишкиот Водопад.

Акцијата започна од Тетовското село Беловиште кое се наоѓа во подножјето на Шар Планина северно од Тетово. Селото е опкружено и потонато во зеленилото од густите костенови и лескови шуми, а низ него тече реката Јелика или Беловишка на која има три поголеми водопади.Искачувањето започна од црквата Св. Петка каде се наоѓа чешма за која се верува дека има лековита вода за очи.

Од тука по добро обележана планинарска патека со мала стрмнина на почетокот, 20 члена  за час и половина до два часа пешачење стигнаа до карпеста месност од која што се пружа прекрасен поглед на големиот водопад висок 43 метри кој моќно шумоли меѓу карпите и густите букови шуми. По патот минавме  низ неколку ливади со многу, капини и два-три долови со потоци меѓу густи дабови и букови шуми. Беловишкиот водопад се наоѓа во тешко пристапен терен. До него се стигнува по со малку напор, но затоа кога ќе стигнеш до него плени со својата убавина.

Акција која ѓи плени нашите срца, а шумолот на водата рај за нашите уши. Дружба на највисоко ниво, беспрекорно реализирана акција, акција која те остава без зборови.

слики


Реализирани акции