Извештаи за реализирани акции

Меденица 30-31.01.2016

ИЗВЕШТАЈ ОД МЕДЕНИЦА - 30-31.01.2016

Дводневна тура со ноќевање во с. Галичник.

Членови на Бистра кои земаа учество: Сара, Стојан, Буран, Пепи, Лазо, Маријан, Мано и надворешен член Сашо.

Прв ден:

Поаѓање: Транспортен центар во 07:30. Пристигнување во с.Јанче во 09:45. Пристигнување во с. Галичник во куќата на Стојан каде што ноќевавме. Ручек во организација и спонзорство на Лазо.

Втор ден:

Поаѓање во 07:00 часот према врв Меденица. Пристигнување на врвот Меденица 2163 метри во 10:05 часот. Симнување преку сртови. Попатна средба со голема група на планинари организирана од ПД Трансверзалец - Скопје. Изброивме околу 92 планинари кои со оглед дека многу доцнеа прашање е дали сите го искачиле врвот. Во Галичник слеговме во 12:30 часот. Ручек во организација на Сара. Поаѓање кон Јанче во 15:00 часот. Во Скопје бевме вечерта во 19:00 часот.

Текст и фотографии: Мано Ставрески








Реализирани акции