ИЗВЕШТАЈ ОД МАВРОВО - 21.02.2016
Учесници на турата: Буран (водич), Сара, Соња, Пепи (возач), Валентин, Лазо, Кире, Божо, Мано
Поаѓање на комбето пред Пошта во 06:30 часот.
Поаѓање кон целта од паркингот на х.Биста во 08:25 часот.
Временски прилики: убаво сончево време, со слаб ветер, кој како одевме нагоре се засилуваше.
Патека на движење: стрмно нагоре по скијачката патека под ски лифтот, контролно време на врвот кај главната жичара 10:00 часот, покрај бачилото и потокот продолживме кон скијачките терени.
Пристигнување на целта: 11:15 часот - највисоката точка над лифтовите на околу 1850 м.
Пауза за јадење во заветрина под карпата на врвот, со убав поглед према врвот Бистра.
Поаѓанје за назад: околу 12:00 часот, уште една пауза кај Бачило, пристигнуванје кај комбето околу 13:30 часот.
На пат кон Скопје во Маврови Анови свративме кај еден добар пријател на Буран на кафе-муабет т.е. во убавата викендичка на домаќинот Гојко, долгогодишен претседател на ПД Бистра од Гостивар. Гостопримливиот г-дин Гојко иако во поодминати години многу енергичен и витален, се покажа како срдечен домаќин, кој покрај кафе не послужи и со вкусни топли кифлички и вкусно мавровско сирење. По околу 30 мин. се фотографиравме во дворот на домаќинот, се поздравивме и тргнавме натаму кон Скопје каде што стигнавме околу 16:30 часот.
Текст и фотографии: Мано Ставрески